Connect with us

Фудбал

Бомба во Париз: ПСЖ најде тренер, доаѓа од Шпанија!?

Пари Сен Жермен се подготвува за ремонт на тимот, како и за промоција на нов тренер. Извесно е дека ќе има разделба со Кристоф Галтие, а неговиот наследник најверојатно ќе дојде од Шпанија. Не е Пеп Гвардиола, не е Рафа Бенитез, не е Микел Артета, не е Чави Ернандез, па сега кога кругот е стеснет, може да претпоставите – тоа е Луис Енрике.

Соработката се уште не е договорена, но добро упатени извори од ПСЖ тврдат дека преговорите се при крај и дека на првиот ден од летниот одмор може да се случи промоција. Вестите за овој тим моментално се актуелни на социјалните мрежи, но и на француските медиуми, па како што пишува – повеќе детали наскоро.

Додека чекаме конкретни информации, можеби потврда од ПСЖ, а можеби и деманти, еве што прави Енрике во моментов. Последната работа му беше на клупата на шпанската репрезентација, каде доживеа колапс на Светското првенство во Катар, бидејќи репрезентацијата беше елиминирана во групната фаза зад Германија и Јапонија.

Тој не работел никаде од Нова година, па ПСЖ би можел да биде негов прв ангажман откако беше сменет како селектор на својата земја. Во својата тренерска кариера, Енрике ги водеше и Барселона, Селта, Рома и Б тимот на Барселона, а како тренер има две титули шампионати на Шпанија, три Купа на кралот, еден шпански Суперкуп, една Лига на шампиони, еден Суперкуп на Европа и Светско клупско првенство.

Advertisement