Connect with us

Фудбал

Бомбашки напад врз екипата која неодамна испадна од лигата, најлошо помина голманот (ФОТО)

Пред натпреварот помеѓу Баија и Сампаја Коре во Бразил, во близина на стадионот Фонте Нова имаше бомбашки напад врз автобус на фудбалери на Баија.

Шокираните фудбалери биле во целосен страв откако се слушнала детонацијата, по што биле искршени стаклата. Некои од нив се здобија со физички повреди, а најлошо помина 33-годишниот голман Данило Фернандез, чие лице беше уништено од шрапнели.

Во Баија, која испадна од бразилската Серија А, веќе извесно време преовладува незадоволството на навивачите, но не се знае кој точно и зошто ги нападнал играчите.

-Шрапнелот погоди двајца наши играчи. Данило можеше да го загуби видот. Сега е во болница и на лекување. Ова  е глупост. Луѓето мислат дека таквите постапки ги плашат играчите да се однесуваат подобро. Зошто мислат така, зошто вака се однесуваат? изјави тренерот на Баија, Гуто Фереира.

На крајот, Баија го одигра својот натпревар и победи со 2-0 и се пласираше во следната фаза од Купот. Головите ги постигнаа Даниелзињо и Хуго Родалега, првата ѕвезда на тимот.