Фудбал
Бонучи: Имав среќа што не се заразив со коронавирус
Пред две недели, голема паника избувна во Јувентус кога се потврди дека играчот на овој тим, Даниеле Ругани, бил позитивен на коронавирусот.
Ругани беше првиот играч во Серија А кој беше заразен со коронавирус, а после него во Јувентус следат Блез Матуиди и Пауло Дибала. На играчите и персоналот на Јувентус им е нареден двонеделна карантин кој денеска заврши.
Играчите и вработените кои биле тестирани негативно, добија дозвола денес да го напуштат изолациониот објект и може да се движат со одредена дозвола. На сето ова се осврна Леонардо Бонучи, кој призна дека ова е многу тежок период за сите во Јувентус.
„Добро сум, но овие денови беа тешки затоа што не можете да одите никаде. За среќа, немав никакви симптоми и имав среќа да избегнам да бидам заразен. Сега сум дома со сопругата и децата и не ни е досадно затоа што не поминувавме толку многу време заедно“, рече Бонучи, додавајќи.
„Ова се работи што ќе ве натераат да гледате на животот на друг начин. Во изолација, се обидувам да одржувам форма и да тренирам двапати на ден. Само се надевам дека сето тоа ќе заврши што е можно поскоро“, рече Бонучи.