Фудбал
Бонучи воопшто не мисли на Македонија, туку на Португалија: Роналдо знае дека ќе добие неколку удари по нозете
Македонија во март следната година и гостува на Италија во рамките од историскиот за нас бараж натпревар за пласман на СП во Катар. Ова е полуфинална бараж пресметка, а победникот од овој дуел ќе игра натпревар против победникот од дуелот Португалија-Турција.
Роберто Манчини пред два дена изјави дека воопшто не мисли на следниот меч туку е фокусиран на дуелот со Македонија.
За разлика од него, дефанзивецот Бонучи, мисли на пресметка со Португалија.
Бонучи го предупреди Кристијано Роналдо „ќе претрпи удари“ доколку Италија и Португалија се сретнат во баражот за СП во март.
– Разговарав со Кристијано Роналдо и се пошегувавме за можниот натпревар Португалија против Италија. Ќе видиме што ќе се случи на теренот, Кристијано знае дека ќе претрпи некои удари. Мораме да се концентрираме на тоа што ќе правиме на теренот, а потоа во март повторно ќе се сретнеме и убеден сум дека ќе одиграме два одлични натпревари, рече Бонучи.