Connect with us

Ракомет

Борко Ристовски е херојот на РК Вардар

Вардар ќе има шанса да ја брани титулата во регионалната ракометна Сеха лига, откако вечерва на пенали го победи ППД Загреб со 30:29.

„Црвено-црните“ се наоѓаа пред пораз, но во последните десетина минути на сцена стапи голманот Борко Ристовски кој спречи неколку чисти погодоци на противникот, а во пенал серијата одбрани два удари и го однесе својот тим во финалето.

Покрај Ристовски со 10 одбрани, во победничкиот тим се истакнаа Кристијан Дисингер и Тимур Дибиров со по шест гола.

Во финалето, вардарци в недела ќе играат со Веспрем, додека Загреб во меч за 3. место ќе се сретне со Мешков Брест од Белорусија.