Поврзи се со нас

Фудбал

Борусија до Норвежаните: Во Германија важат германски правила

Германските клубови сакаат играчите кои моментално се во Норвешка да им се вратат.

Откако еден норвешки репрезентативец беше заразен со коронавирус, сите играчи беа принудени на карантин во рок од десет дена во согласност со правилата на здравствените власти во Норвешка.

Затоа Норвешка го загуби натпреварот од Лигата на нации против Романија затоа што не можеа да патува за Букурешт, а има многу шанси истото да се случи и пред гостувањето во Австрија.

Норвешката фудбалска асоцијација бара од играчите да ја почитуваат изолацијата, поради што во наредните денови ќе мора да ги пропуштат натпреварите во своите клубови. Борусија Дортмунд нема намера да го остави својот најдобар играч Ерлин Халанд во изолација, иако тој е негативен во однос на коронавирусот.

Борусија вели дека „германските правила се почитуваат во Германија“, со што се одбива барањето од Норвешка Халанд да остане во изолација.

Истиот случај е со напаѓачот на Лајпциг, Александар Сорлот, како и со голманот на Херта, Рун Јарстејн.

loading...

Facebook