Connect with us

Фудбал

Борусија Дортмунд ја прекина победничката серија на Чаби Алонсо

Борусија Дортмунд победи со 2:0 против Баер на гостувањето во Леверкузен во 18. коло од Бундес лигата и со тоа дополнително ја искомплицира борбата за шампионот. Дортмунд со гол во 33. минута го доведе во водство Карим Адејеми, играч од младинскиот погон на Баерн Минхен. Конечниот резултат го добивме во 53-та кога дефанзивецот Едмонд Тапсоба си постигна автогол.

Борусија ја прекина серијата од пет првенствени победи што ја имаше Баер Леверкузен под водство на новиот тренер, Чаби Алонсо. Сепак, навивачите можат да бидат задоволни од неговиот мандат бидејќи тимот се искачи на врвот на табелата по лошиот почеток на сезоната.

Ситуацијата на врвот на табелата сега стана крајно пренатрупана. Фрајбург на петтото место и Борусија на четвртото имаат три бода помалку од Баерн, РБ Лајпциг заостанува два, а Унион Берлин кој во ова коло победи против градскиот ривал Херта само еден бод.