Connect with us

Фудбал

Борусија го избрка Фавр, па експресно назначи негов наследник

Борусија Дортмунд му врачи отказ на досегашниот тренер Лусиен Фавр, откако тимот доживеа вистински дебакл на домашен терен од 5:1 од Штутгарт. Не се чекаше многу, па „Милионерите“ назначија и негов наследник. Тоа ќе биде асистентот на Фавр, 38-годишниот Един Терзиќ. Тој подолго време работи со младите категории во Борусија, а има искуство од Турција и Англија каде беше во Бешикташ и Вест Хем. Оваа фунција тој ќе ја извршува до крајот на сезоната.