Connect with us

Кошарка

Бостон по 12 години пауза ќе игра НБА финале, таму го чека Голден Стејт (ВИДЕО)

Бостон со 100-96 победи на гостувањето кај Мајами во мајсторката, ја доби серијата со 4-3 и се пласираше во финалето каде ќе игра против Голден стејт. Бостон водеше во текот на целиот меч, но Мајами беше тука некаде недозволувајќи противникот да се одлепи. Во последните секунди, при негатива од 96-98, Батлер промаши шут за израмнување, потоа беше направена лична грешка, гостите дадоа уште два пени од слободни фрлања и победија со 100-96. Тејтум со 26 поени и 10 скокови беше најдобар во составот на Бостон, кај Мајами Батлер постигна 35 поени, имаше и девет скокови, Адебајо реализираше 25 поени со 11 скокови.