Connect with us

Кошарка

Бостон во конференциското полуфинале на Истокот

Кошаркарите на Бостон се пласираа во втората рунда од плејофот во Источната конференција во НБА лигата, откако синоќа на гостински терен ја совладаа Атланта со 128-120 и со тоа ја добија серијата со 4-2.

Победникот беше одлучен во последната четвртина во која Бостон со серија од 11-0 влезе во завршните две минути со предност од 121-113.

Џејлен Браун го предводеше гостинскиот тим до триумфот со 32 поени, додека најефикасен во редовите на Атланта беше Тре Јанг со 30 поени,

Бостон во полуфиналето на Истокот ќе игра против Филаделфија, која на стартот од разигрувањето за титулата го елиминираше Бруклин со 4-0.