Кошарка
Бостон втор пат го совлада Мајами и го продолжи финалето на Истокот
Кошаркарите на Бостон го совладаа синоќа на домашен терен Мајами со 110-97 и со тоа ја намалија негативата на 2-3 во финалната серија на Источната конференција во НБА лигата.
Стрелците во домашниот тим ги предводеше Дерик Вајт со 24 поени, еден повеќе од Маркус Смарт.
Во тимот на Мајами најефикасен беше Данкан Робинсон со 18 поени, додавајќи девет асистенции и четири скокови.
Мајами сега води со 3-2 во серијата и потребна му е уште една победа за пласман во големото финале во кое својот противник го чека Денвер.
„Ќе останеме позитивни, знаејќи дека можеме и сакаме да ја добиеме оваа серија. Сега мораме да ја затвориме на домашен терен“, изјави кошаркарот на Мајами, Џими Батлер.
Шестиот натпревар е на програмата ноќта меѓу сабота и недела во Мајами, а Бостон се надева дека ќе стане првиот тим во историјата на НБА лигата кој се вратил од негатива од 0-3 и успеал да победи во серијата до четири победи.