Connect with us

Други спортови

Ботас го напушта Мерцедес со измешани чувства

Валтери Ботас изјави дека го напуштил Мерцедес со измешани чувства. Финецот мина пет сезони во германскиот тим откако го замени Нико Розберг, кој изненадувачки ја заврши кариерата во 2016 година.

“Помешани чувства! Кога му се приклучив на тимот во 2017 година, мислев само на титулата кај возачите. Очигледно ова никогаш не се случило. Сепак, морам да ги гледам позитивните работи. Во текот на овие пет години пораснав многу како пилот и човек. Научив толку многу во тимот и постигнавме одлични работи. Има многу позитиви кои дефинитивно ќе ги паметам“, изјави Ботас.

„Никогаш не сте целосно задоволни од овој спорт. Но, дефинитивно постигнав нешто незаборавно во тие години. Сигурен сум дека тоа ќе ми помогне во иднина“, додаде тој.

Реклама

Facebook

Реклама