Connect with us

Фудбал

„Божја рака“ – Биди мирен идиоту и гушни ме!

„Божја рака“ веќе влезе во митологијата. Марадона на 22.јуни 1986-та година на СП во Мексико на мечот во четвртфиналето против Англија постигна гол со рака. Беше 2:1, „Гаучосите“ се пласираа во финалето и потоа го освоија Светското првенство.

Со само 163 сантиметри, Марадона покрај англиските дефанзивци успеа со рака да ја зафати топката и да го матира колманот Шилтон. Тунискиот судија Али Бенасер на изненадување на 115 илјади гледачи на стадионот покажа на центарот.

Англичаните жестоко протестираа, но лукавиот Диего ги собра соиграчите околу себе и убедливо славеше. На крајот, по мечот изјави дека голот го постигнал „малку со глава, малку со Божја рака“.

-Кога го постигнав голот и почнав да славам, Батиста се појави и ми рече, дали сум ја удрил топката со рака. Му реков, биди мирен идиоту и гушни ме. Тогаш и другите соиграчи дојдоа со истото прашање, реков дека подоцна ќе им одговорам, изјави Марадона објаснувајќи по кој знае кој пат како го постигнал голот.

-Барав дупка помеѓу високите англиски играчи, што навистина беше тешко. Кога топката долета кај мене, само се надевав дека што поскоро ќе падне бидејќи во спротивно немаше никаква шанса да ја допрам. Во тој момент мислев дека е најдобро да ја ставам раката преку главата, што и го направив. Кога бев на земјата не знаев дека топката е во мрежата, но се беше во ред, вели Марадона.

Аргентина во финалето ја победи Германија со 3:2, а тоа беше втор и воедно последен наслов светски првак за „Гаучосите“.