Connect with us

Фудбал

Бразилец на чекор до Манчестер Јунајтед

Офанзивниот играч за врска на Вест Хем, Лукас Пакета би можел да му се приклучи на Манчестер Сити, пренесува „Фудбал инсајдер“.

Раководството на Сити сака во следниот преоден рок да го засили составот со 26-годишниот Бразилец.

Во летото минатата година „граѓаните“ направија обид да го привлечат, но зделката пропадна бидејќи играчот од средниот ред на „чеканите“ беше под истрага за незаконско обложување.

Пакета игра за Вест Хем од август 2022 година. Таа сезона одигра 34 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи 7 голови и 7 асистенции. Неговиот договор е до летото 2027 година.

Играчот од средниот ред има 44 натпревари за репрезентацијата на Бразил.

Advertisement