Ракомет
Бразилецот Толедо потпиша за Вардар
Составот на Вардар за новата сезона ќе биде засилен со доаѓањето на бразилскиот интернационалец Хозе Гиљермо Де Толедо (25).
Тој потпиша двегодишен договор со европскиот првак Вардар, а игра на позицијата десен бек, соопштија од клубот
Роден во Сао Паоло, висок 193 см и тежок 100 кг. Толедо треба да му биде колега на Даинис Криштопанс на десната бековска страна. Толедо е репрезентативец на Бразил, и има освоени златен (216) и сребрен (2018) медал од Пан Американските игри. Играше и на СП 2015 година во Катар.
Толедо е вториот Бразилец во клупската историја што ќе настапува во дресот на Вардар.
„Со ангажирањето на Толедо веруваме дека ќе имаме уште подобра бековска линија во Вардар. Бразилецот низ своите настапи претходните години покажа дека може да биде корисен во секој тим. Неговата младост и пред се напаѓачки и одбранбени способности секако ќе бидат добредојдени. Очекуваме Толедо да ја искористи шансата што ќе му биде укажана, и да покаже дека и ние и тој направил одличен избор со доаѓањето во Скопје“, изјави Давор Стојаноски, Извршниот директор на Вардар.
Вардар во пресрет на новата сезона се засили со голманот Артурс Кугис, Сергеј Горпишин, Димитар Димитриоски, Павел Атман и тренерот Давид Писонеро. Договорите со клубот ги продолжија и Сташ Скубе и Калифа Гедбан.
Подготовките за новата сезона треба да почнат на 24 јули во Скопје.
Извор: Дриблинг