Connect with us

Фудбал

Бразилски клуб го оспорува рекордот на Меси, Пеле за нив постигнал над 1000 голови?!

Лионел Меси неодамна го надмина легендарниот Пеле по бројот на постигнати голови за еден тим. Меси има 644 за Барселона, додека Пеле 643 за Сантос. Сепак, бразилскиот тим го оспорува рекордот на Аргентинецот.

Од овој тим сметаат дека Пеле во нивниот дрес постигнал 1091 гол и дека им се „украдени“ 448 голови постигнати во разни пријателски мечеви.

-Постои аргумент на некои аналитичари дека многу од тие 448 голови се постигнати на пријателски  мечеви против слаби противници, мали или регионални тимови. Во секој случај, тие мечеви се одиграни во официјална опрема, по сите правила на лигата и официјално се заведени. Потсетуваме дека за пријателските мечеви потребно е да се добие одобрение од регионалната и националната федерација. Тоа дали ривалот е силен или не, не значи ништо за статистиката. Бројките се недопирливи. Голот против Еибар вреди исто како голот против Валенсија. Голот против Трансвал од Суринам вреди исто колку оној против Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“, велат од Сантос.