Connect with us

Други спортови

Бразилски УФЦ борец погоден со граната

Бразилскиот УФЦ борец, Алекс Каубој Оливеира се врати во родниот град Рио де Жанеиро, три дена по борбата против Гинар Нелсон, а извесно време од бадниковата вечер ја помина во болница каде му беше изваден дел од граната.

– Некој тип му впери пиштол на мојот внук, тогаш почнаа несогласувањата. Имаа мечеви, ножеви, гранати, откри Оливеира

Бразилецот бадниковата вечер ја мина во болница каде што му беше изваден дел од гранатата од стапалото и потоа беше пуштен на домашно лекување. Полицијата веднаш дојде во неговиот дом за да му земе изјава за настанот, но се уште не е познат мотивот за нападот и напаѓачите не се фатени.

– Бев во автомобил и одев да наполнам гориво. Ги видов членовите на своето семејство како се расправаат со некого. Откако еден од групата впери пиштол во мојот внук, се вмешав и кон мене беше фрлена граната. Дел од неа заврши во мојата нога, изјави УФЦ борецот.

Алекс Оливеира е еден од најпознатите бразилски УФЦ борци, во кариерата има 19 победи и само шест порази, а се бори во валтер категорија. Израснал во градот Трес Риос, кој е оддалечен 80 километри од Рио. Во младоста бил јавач на диви коњи од каде го доби прекарот „Каубој“.

Пред три недели се вореше со Гунар Нелсон и загуби во втората рунда, а потоа се врати во Бразил за да се одмори.