Connect with us

Фудбал

Бразилците го снимиле тренингот на Србите со дрон?!

Селекторот на фудбалската репрезентација на Србија, Драган Стојковиќ, ги отфрли гласините дека тренингот на неговата репрезентација бил шпиониран со дрон од таборот на Бразил. Тој изјави дека Јужноамериканците нема да добијат ништо од снимањето на нивните активности.

Екипите на Србија и Бразил тренираат во локалната база Ал Араби во Доха и се ривали во групата Г.

„Не верувам дека не гледаа. Кои сме ние да не гледаат? Тие се фудбалска велесила. Мислам дека ова не е точна информација, а и да имаше дрон, не знам што ќе видеа, ништо посебно“, изјави Стојковиќ, цитиран од агенцијата Ројтерс.

Бразил е меѓу фаворитите на Светското првенство во фудбал, но Драган Стојковиќ увери дека српските фудбалери не се вознемирени од предизвикот. „Против Србија ќе играат со четворица напаѓачи. Толку завршивме.. Но дали некој ќе игра одбрана? Бразил е голем тим, еден од најдобрите во светот. Имаме златна генерација во моментов, но очекувам навистина тежок натпревар“, изјави селекторот на српската репрезентација.

Драган Стојковиќ додаде дека најдобриот стрелец на тимот Александар Митровиќ, кој се здоби со повреда на скочниот зглоб, веќе тренира со соиграчите.

Facebook

Реклама