Connect with us

Тајмаут

Бразилците јадеа месо прекриен со злато, па трпат огромни критики: Додека милиони живеат во сиромаштија, тие се расфрлаат со храна (ВИДЕО)

Ритамот на тренинзи и натпревари е малку досаден за бразилските фудбалери, кои се лишени од луксуз и забава. Репрезентативците на Бразил во пресрет на четврт-финалето на Светското првенство против Хрватска решија да се почестат и да се опуштат.

Со легендарниот Роналдо го посетија ресторанот на познатиот готвач Нусрет Ѓокчу (оној што фрла крупна сол врз месото) во Доха. И нарачале, ни помалку ни повеќе, стек обложен со 24-каратно злато, кој чини околу 1650 евра.

Воодушевените играчи не можеа да престанат да се смеат додека газдата Нусрет го сечеше позлатеното месо со меч и го посипуваше со сол. Сепак, тие сцени ги налутија нивните сонародници.

– Додека многу Бразилци живеат во сиромаштија и немаштија, тие фрлаат храна. Го губиме чувството за општото добро. Мораме повторно да размислуваме за општото добро, а не само за поединецот „Го сакам тоа, го сакам и можам да го направам тоа“ – ги критикуваше свештеникот Хулио Ланчелоти во интервју за Си-Ен-Ен.

Ниту легендарниот Роналдо кој ја мина вечерта со бразилската репрезентација не остана должен.

– Јадеш месо со злато сега е проблем? Тоа е одлично искуство за јадење во ресторан во кој веројатно нема да се вратите. Нема ништо лошо во тоа, може да биде инспирација за другите. Подобро е да игнорираме некои работи, но кога гледаш толку говор на омраза, тоа е завист, вели Роналдо.