Connect with us

Фудбал

Бразилците сепак не се семоќни, Швајцарците „украдоа“ бод

Репрезентацијата на Бразил вечерва го одигра својот прв натпревар на Светското првенство во Русија против репрезентацијата на Швајцарија. Бразилците, иако се далеку поквалитетна екипа од Швајцарија, сепак тие денеска не успеаа да ја оправдаат улогата на фаворит на натпреварот.

Бразил го одлично го стартуваше натпреварот, одлично играа на почетокот, а во 20. минута  со прекрасниот гол на Кутињо дојдоа до водство од 1:0.

Меѓутоа, откако стигнаа во водство, Бразилците како да го намалија интензитетот на играта, а Швајцарците тоа вешто го искористија и изедначија на 1:1.

Стивен Зубер во 50. минута, по одлично изведениот корнер на Шакири, со глава ја затресе мрежата на Бразил.

„Кариоките“ се обидуваа на секој можен начин да постигнат гол, но сепак резултатот остана непроменет.