Фудбал
Бразилците со шокантна вест, убиен Адријано-тој порачува-Жив сум и дома сум!
Бразилските медиуми синоќа објавија шокантна вест дека легендата на бразилскиот и италијанскиот фудбал е убиен. Со оглед на тоа дека Адријано се поврзуваше со некакви нарко картели и мафијаши, многумина поверуваа во веста, а дури и неколку италијански медиуми ја пренесоа. ,
Сепак, за среќа се покажа дека веста е лажна. Адријано се јави на Инстаграм, постирајќи фотографија и напиша: Жив сум и дома сум.