Connect with us

Ракомет

Брестовац: Се надевам дека ќе бидеме подобри против Египет

Македонија синоќа го одигна првиот натпревар на СП во Египет.

Нашите ракометари синоќа загубија од Шведска со 32-20 во првото коло од Светското првенство во Египет.

Селекторот Данило Брестовац на прес-конференцијата им честита на Швеѓаните за победата, но изјави дека се надева дека ќе бидеме подобри против Египет.

„Сакам да им честитам на Швеѓаните, тие беа подобри од нас, подобри во ситуациите еден на еден и заслужија да победата. Се надевам повторно ќе се сретнеме во блиска иднина. Се надевам дека ќе бидеме подобри против Египет, ќе се подготвиме за тој дуел и се надевам ќе оствариме добар резултат“, вели Брестовац.

Македонија и Египет играа в сабота од 18:00 часот.