Connect with us

Други спортови

Брињоне триумфираше во супервелеслаломот во Австрија

Италијанката Федерика Брињоне ја слави победата во супервелеслалом за Светскиот куп во алпско скијање во австрискиот зимски центар Каучензе.

Таа на патеката заврши со време 1: 10,84 секунди, со +0,04 секунди предност од втората на подиумот Корин Сутер од Швајцарија. Трета на подиумот беше претставничката на домаќините Аријана Редлер. Топ 10 во рангирањето ги додадоа Италијанката Марта Басино, Французинката Лора Гош и Теса Ворли, Новозеланѓанката Алис Робинсон, Италијанката Елена Куртони, Чехинката Естер Ледетска и Швајцарката Лара Гут-Бехрами. На денешното натпреварување не успеаја да завршат девет натпреварувачи.

Со својот втор успех сезонава по швајцарскиот Сент Мориц, Брињоне заостанува пет бода зад лидерот на малиот кристален глобус и сонародничка Софија Гоја, која денеска заврши на само 19-то место. Трета е уште една Италијанка – Елена Куртони со 84 бода заостанување од првата позиција. Во рангирањето за Големиот кристален глобус, Брињоне е петта со 547, но заостанува далеку зад лидерката Микаела Шифрин од САД со 966 бодови.

Дамите во петок на 22 јануари ќе се симнат во италијанскиот зимски центар Кортина д’Ампецо.