Connect with us

Други спортови

Британецот доживеа тешка несреќа, ривалот застана да му помогне: Сакав да се осигурам дека е добро (ВИДЕО)

Британскиот возач Алекс Лин доживеа тешка несреќа на трката во Формула Е во Саудиска Арабија.

Лин удри во заштитната ограда, неговиот автомобил се преврте во воздухот, а потоа падна на патеката.

Персоналот на патеката реагираше брзо. Лин е префрлен во болница и нема сериозни повреди.

Неговиот колега Мич Еванс по несреќата реши да се откаже од трката за давање помош.

„Го видов како удира во ѕидот и излегов за да се осигурам дека е добро. Никогаш не знаеш со вакви работи. На крајот, единствено што е важно е дека е добро“, рече Еванс.