Поврзи се со нас

SPORTM.mk

Бројот на заразени расте во Македонија, дали ќе има забрана за спортски натпревари?!

Утрово, на Комисијата за заразни болести е разговарано за дополнителен пакет рестриктивни мерки кои по евалуацијата на состојбата во следните денови, доколку има потреба, до Владата ќе се предложат во понеделник.

– Ограничување на капацитетот на луѓе во јавниот превоз, до 50%;

– Целосна забрана за секакви настани и крај на работното време на сите економски оператори, субјекти во 23 часот.

Ова значи дека доколку бројот продолжи да расте, секако во ограничувањети и забраната на настаните и собирањата може да бидат опфатени и спортските натпревари.

Advertisement