Connect with us

Други спортови

Брука – Австралијан Опен не му го признава рекордот на Ѓоковиќ: На првто место ставија тенисерка со 24 Грен Слема – минатата година ја немаше на листата!

Ако ги прашате овие од Австралија опен, најголемиот шампион на овој турнир, Новак Ѓоковиќ, не е најголемиот досега. Дури е трет на вечната листа. Прво рекоа дека не може да опстане во ерата на Федерер и Надал, а кога почна да ги победува рекоа дека никогаш нема да има 310 недели на врвот на АТП листата или 20 Грен слем како неговите најголеми ривали.

Новак сега е на врвот на АТП-листата, чекајќи да дојде до број 400, а со 23 Грен слемови е рекордер по бројот на најважни освоени тениски турнири.

Или можеби не е рекордер? Според  Австралија Опен – не е!

Го ставија Ѓоковиќ на третото место, нагласувајќи дека Штефи Граф има повеќе недели на врвот од него, сега се сетија Серена Вилијамс и Маргарет Корт! Србинот е само трет на нивната листа, а иако е сосема бесмислено да се споредуваат машкиот и женскиот тенис, сега Австралија Опен му честиташе на Новак ставајќи го зад двете најтрофејни тенисерки. Серена Вилијамс не е ни толку контроверзна, таа има 23 титули освоени во Опен ерата, но Маргарет Корт играше од 1960 до 1977 година и го освои својот последен Грен слем во 1973 година. Во Опен Ера има освоено 11 Гренд Слемови, таа е голема шампионка, но овие работи не се за споредба.