Connect with us

Фудбал

Бруно Петковиќ: Аргентина не е само Меси

Два дена пред полуфиналето помеѓу Аргентина и Хрватска, хрватскиот напаѓач Бруно Петковиќ зборуваше за медиумите пред натпреварот.

„Немаме конкретен план да го запреме Лионел Меси. Генерално, не се фокусираме на запирање само на еден играч, туку на целиот тим. Аргентина не е само Меси, тие имаат голем број на одлични играчи. Затоа мора да го запреме целиот тим на Аргентина. Што се однесува до Мароко, мислам дека многумина го потценија на почетокот на турнирот, особено кога го одигравме првиот натпревар. Можеби во Хрватска, во хрватските медиуми тогаш навистина не го ценевме тој резултат, но тие заслужија се што им се случи“, изјави Петковиќ.