Connect with us

Фудбал

Буфон на чекор до ПСЖ

Преговорите меѓу Џанлуиџи Буфон и ПСЖ беа извонредно позитивни, пишува „Sky Sports“.

Буфон во јануари наполни 41 година, но поранешниот голман на Јувентус, се уште не се откажува. Следната сезона, најверојатно, ќе се брани во ПСЖ.

Како што известува „Sky Sports“, неговиот агент Силвано Мартин, денеска во Париз се одржаа разговори, а наскоро легендарниот италијански голман треба да го носи дресот на францускиот шампионски.

Буфон најверојатно ќе му се придружи на својот пријател Марк Верати во Париз.Тој помина 17 години во Јувентус и беше шампион на Серија А седум пати по ред.