Фудбал
Буфон следната недела на лекарски прегледи
Италијанскиот голман Џанлуиџи Буфон од денеска е слободен играч откако му истече договорот со Јувентус.
Дури по 17 години дошло време за разделба на Буфон и „Старата дама“, но Италијанецот не чекаше долго како би пронашол нов клуб.
Како што пренесуваат италијанските медиуми, Буфон ќе стане нов играч на ПСЖ, а наводно веќе се закажани медицинските прегледи за наредната сезона.
Легендарниот италијански голман после тоа ќе го стави потписот на двогодишниот договор, а по сезона ќе заработува по осум милиони евра.
Иако има веќе 40 години, Буфон нема намера да ги „закачи нараквиците“ и сигурни сме дека има уште многу што може да понуди на европскиот и светскиот фудбал.