Connect with us

Кошарка

Букмејкерите ги сметаат Лејкерс, Клиперс и Бакс за фаворити следната сезона

Лос Анџелес, 6 октомври 2020 (МИА) – Додека финалната серија од НБА плејофот во 2020 година помеѓу Лејкерс и Мајами (2-1) сè уште трае, обложувалниците веќе почнуваат да го предвидуваат резултатот од сезоната 2020/21.

Според „Ceasars Sportsbook“, тимовите од Лос Анџелес, Лејкерс (+375) и Клиперс (+400) се главните фаворити за освојување на НБА следната сезона.

Следуваат Милвоки (+550) и Голден Стејт (+800).

Во ТОП 10 фаворити се и: Бостон (1.200), Бруклин (1.400), Мајами (1.400), Торонто (2.000), Хјустон (2.000) и Денвер (2.000). зс/