Connect with us

Фудбал

Бум, Бум Миовски, нов гол на македонскиот бомбардер (ВИДЕО)

Бојан Миовски продолжува да ги тресе противничките мрежи и покажа дека не случајно е номиниран за фудбалер на годината во Шкотска. Тој на мечот против Хибернијан попладнево го постигна својот 16-ти гол во оваа сезона, со што се најде на третото место на листата на најдобри стрелци. Абердин победи со 4:0, а Миовски беше стрелец на третиот гол.