Фудбал
Бум на коронавирус во елитен италијански клуб
Раководството на елитната Верона соопшти дека клубот регистрирал десет позитивни тестови на коронавирус по извршените тестови денеска. Од клубот не ги соопштија имињата на заразените, туку само велат дека се работи за осум играчи и двајца вработени во клубот.
Верона информираше и дека прес-конференцијата на селекторот Игор Тудор закажана за в среда нема да се одржи.