Connect with us

Фудбал

Бум во Франција! Арапите полека креваат раце од Пари Сен Жермен: Договорена продажба, новите сопственици пристигнуваат на Паркот на принцовите

Пари Сен Жермен добива нови сопственици! Qatar Sports Investments одлучи да продаде 12,5 отсто од акциите на инвестициската групација Arktos Partners. Засега не се знае по која цена, но се известува дека со тој потег вредноста на клубот скокнала на неверојатни 4,25 милијарди евра, што е нов рекорд кога е фудбалот во прашање.

Кога станува збор за Арктос Партнерс, тоа е американски инвестициски фонд, познат по учеството во бизнисот на повеќе од 30 различни клубови во различни спортови. Најмногу во НБА, НФЛ и МЛБ. Меѓу другото, во оваа група спаѓаат кошаркарските франшизи Голден Стејт Вориорс и Сакраменто Кингс, хокеарските тимови Тампа Беј Лајнтинг, Питсбург Пингвинс, Њу Џерси Девилс и фудбалскиот клуб Ливерпул.

Келаифи го опиша потпишувањето на договорот со Арктос Партнерс како важна пресвртница за “Светците“ и рече дека ќе донесе стратешка експертиза, идеи и иновации во бизнисот.

Од доаѓањето на Арапите, ПСЖ воспостави доминација во Франција и за 12 години освои девет шампионски титули на Франција. Сепак, се уште нема пробив на континентално ниво во форма на освојување на Лигата на шампионите, што е и крајната цел.