Connect with us

Фудбал

Бундеслига распоред: Шампионот Баерн отвора со Херта на „Алијанц арена“


Бундеслигата го одреди распоредот за сезоната 2019/20. Честа да ја отворат сезоната имаат актуелните шампион Баерн Минхен, кои на 16 август, петок, на „Алијанц арена“ ќе го пречекаат тимот на Херта. Тој дуел е предвиден за 20:30 часот, додека пак останатите средби од првото коло допрва ќе бидат поделени во сабота, односно недела.
Вицешампионот Борусија Дортмунд својата кампања ќе ја започне од дома, со средбата против Аугзбург, а првото коло носи интересен дуел меѓу Баер Леверкузен и Шалке 04.
Она што најмногу ги интересира љубителите на германскиот фудбал се закажаните „Дер Класикер“ дербија меѓу Баерн и Дортмунд. Првото дерби меѓу двата фаворити за освојување на титулата ќе игра во рамки од 11-тото коло во Минхен, додека реваншот на „Сигнал Идуна парк“ е предвидено за 28-то коло.
Целосниот распоред можете да го видите на следниот ЛИНК.
.

Извор: Sportmanija.mk