Connect with us

Фудбал

„Бура“ во шпанскиот фудбал-„Ла Лига“ ќе го тужи Фудбалскиот сојуз

Раководителите на шпанското фудбалско првенство „Ла Лига“, односно на Примера, сооштија дека нема да присуствуваат на претстојните состаноци кои ќе ги организира Фудбалскиот сојуз на Шпанија, а на кој ќе се расправа за ефектите од пандемијата со коронавирусот.

„Ла Лига“ наведува дека одлуката е донесена како одговор на тоа што Сојузот на медиумите им проследил аудио записи од претходниот состанок, за да наводно се засили интересот на таа организација. Се додава дека против Фудбалскиот сојуз ќе биде покрената законска постапка поради објавување на информации без нивна согласност.

Здружението на шпанските фудбалери претходно соопшти дека ќе го тужи Сојузот поради објавувањето на снимките на кои се омаловажува претседателот на тоа здружение.

Од друга страна, пак, Фудбалскиот сојуз соопшти дека и претходно било јасно дека сите разговори ќе бидат снимени.