Connect with us

Фудбал

„Бууум“ – Дибала го одби Јувентус, дали за НУЛА евра се сели кај лутиот ривал?!

Италијанските медиуми објавија дека Пауло Дибала го одбил и последниот предлог на Јувентус за продолжување на договорот, па во јуни како слободен играч ја напушта „Старата Дама“.

Аргентинецот нема да потпише нов договор под сегашните услови и ќе го напушти Торино како слободен агент.

Имаше вербален договор минатиот октомври за осум милиони евра плус два милиони нето плата до 2026 година, а потоа од Јувентус одлучија да го променат својот предлог.

Голема е веројатноста тој да се пресели во лутиот ривал Интер откако во јуни ќе стане слободен играч.

Од 2015 година е член на клубот, претходно ги бранеше боите на Палермо и Институто во Аргентина.