Connect with us

Фудбал

Чаби Алонсо си кажа: Ова е местото каде што сакам да бидам следната сезона

Најбараниот фудбалски тренер на денешницата, Чаби Алонсо, донесе изненадувачка одлука да ја продолжи својата професионална кариера. Актуелниот тренер на германски Баер Леверкузен беше поврзуван со трансфер во Баерн Минхен и Ливерпул, но тој реши да ги одбие двете понуди и да остане „Апотекар“.

Имав добар разговор со челниците на Баер Леверкузен и ги информирав дека ќе останам во клубот и следната сезона“, изјави Алонсо и додаде: „По многу дискусии за мојата иднина, ми требаше време да донесам одлука и Леверкузен е местото каде што сакам да бидам следната сезона“.

Advertisement