Фудбал
Чалханоглу го одби Јувентус, преговара со големиот англиски клуб
Хакан Чалханоглу би можел да го напушти Милан. Поради истекувањето на договорот во јуни 2021 година, турскиот играч е на мета на многу заинтересирани клубови.
Неколку пати беше кажано дека Манчестер Јунајтед внимателно го следи растот на играчот од средниот ред на Милан. Има и други екипи, но „Црвените ѓаволи“ се чини дека се најзаинтересирани.
Чалханоглу има договор од 2,5 милиони евра по сезона и доколку го обнови – според напишаното во медиумите – бројките се малку претерани: 6 милиони евра по сезона, повеќе од двојно!

Контактите со „црвените ѓаволи“ траат со недели. Како што објави репортерот на Билд, Кристијан Фалк на својот профил на Твитер, Чалханоглу од летото разговараше со Манчестер Јунајтед за слободен трансфер следната година.
Новинарот објаснува дека играчот ја одбил понудата од Јувентус затоа што силно го привлекла опцијата Јунајтед.