Connect with us

Фудбал

Чави дебитира на клупата на Барселона

Две недели откако беше назначен за наследник на Холанѓанецот Роналд Куман, поранешната легенда на Барселона, Чави Ернандес, денеска ќе дебитира во улога на тренер на каталонскиот клуб во градското дерби во шпанската Ла Лига против Еспањол.

Во разговор со локалните новинари, Чави изјави синоќа дека неговата екипа мора да дава максимум во наредниот период, и да ги направи своите навивачи повторно горди на каталонскиот клуб.

– На моите играчи ќе им кажам дека ние сме Барселона, а тоа значи дека мораме да даваме повеќе од 100 отсто од своите можности во секоја минута, во секоја секунда за да успееме…Подоцна резултатите ќе зависат од нашите противници и самата игра, но мораме да ги направиме нашите навивачи да бидат горди на нас дури и кога ќе загубиме, порача Чави пред неговото тренерско деби на клупата на Барселона.

Реклама

Facebook

Реклама