Фудбал
Чави го следеше примерот на Гвардиола и Меси
Чави беше икона на Барселона во неговата кариера како фудбалер, а сега направи уште еден одличен потег.
Поточно, човекот кој во моментов е тренер на катарскиот Ал Сад, реши да донира милион евра на клиниката во Барселона.
Тој на тој начин го следеше примерот на некои играчи на Барселона кои и помогнаа на оваа клиника да се бори со коронавирусот.
„Опремата е потребна и ги повикувам другите спортисти да донираат пари во ова многу тешко време за да помогнат“, рече Чави.
Пред Чави, иста сума пари донираа и Пеп Гвардиола и Лионел Меси, како и неколку други поранешни фудбалери на Барселона.