Connect with us

Фудбал

Чави Хернандез: Барса е магнет за големи играчи

Чави Хернандез, тренерот на Барселона вели дека клубот е магнет за големи играчи и затоа ретко му претставува проблем да преговара со посакуваните нови регрути.

Во прес-конференција пред натпреварот од третото коло на Барса против Јувентус на Котон Боул во Далас тој рече дека харизмата и големината на клубот помага многу во привлекувањето на нови играчи.

– Барса е како магнет за нови играчи. Харизмата и големината на клубот помага многу во привлекувањето на нови играчи. Овој проект е исто така важен. Играчите се свесни дека ќе се забавуваат на теренот и се возбудени да играат тука. Сите сме амбициозни да ја вратиме Барса на врвот. Каде и да одиме – Австралија, САД – луѓето ја покажуваат својата наклонетост кон нашиот клуб, рече тој на прес-конференцијата.

Чави откри дека Феран Торес ќе го пропушти натпреварот против Јувентус бидејќи уште не е опоравен од повредата, а прашан за можноста Меси да се врати во Барселона, рече дека би бил среќен со таков потег.