Фудбал
Чави ја опиша победата над Мајорка како историска
Тренерот на Барселона – Чави не ја криеше радоста од тешката победа со 1:0 на гостувањето кај Мајорка од 19. коло на Ла Лига.
„Ова се три златни бода. Ова е победа за екипа која игра семејно. Реков дека натпреварот треба да се одложи бидејќи видов какви потешкотии имаме. Затоа сега сум многу горд на тимот.
Тер Штеген не спаси, многу бара од себе. Среќен сум за целиот тим, за Марк-Андре и особено за Лук де Јонг. Тој е професионалец – работи, тренира и дејствува ефективно.
Овие три бода ќе ни помогнат да ја започнеме борбата за места на врвот на табелата. Импресивно е што победивме во оваа тешка ситуација.
Победата не приближува до нашата прва цел – пласман во Лигата на шампионите. Имавме 17 отсутни играчи од различни причини – така што оваа победа е историска. „Барселона мора да продолжи да верува и да работи, бидејќи сме на вистинскиот пат“, изјави Чави.