Connect with us

Фудбал

Чави организирал заедничка вечера, а еден фудбалер одлучил да плати се

Фудбалерите на Барселона синоќа се собраа во ресторан во овој град, а медиумите набрзо потоа објавија дека токму Чави решил да организира заедничка вечера.

На вечерата присуствуваа сите играчи на Барселона, но и членови на стручниот штаб и целта на Чави е дополнително да ја зајакне атмосферата во тимот пред натпреварот против Баерн кој се игра следната недела.

На Барселона и е потребна победа во Минхен за да обезбеди пласман во нокаут фазата од Лигата на шампионите, а во случај на реми или пораз може да биде трета доколку Бенфика го победи Динамо Киев на домашен терен.

Чави сака атмосферата во тимот да биде што подобра и затоа организираше вечера, а играчите почнаа да пристигнуваат околу 20 часот, па од ресторанот излегоа дури околу 23 часот.

Прв во ресторанот пристигна Педри, а Мундо Депортиво објави дека токму овој млад фудбалер одлучил да ја плати целата сметка за да ги почести соиграчите и тренерите откако беше избран за најдобар млад играч на светот.

Исто така, Педри реши да ги почести соиграчите бидејќи неодамна го продолжи договорот со Барселона, а со својот потег ги воодушеви присутните.

„Мундо Депортиво“ објави и дека Усман Дембеле продолжил со своето несериозно однесување бидејќи повторно доцнел цел час, а ќе биде интересно да се види која причина ја наведе за доцнењето.