Фудбал
Чави сака седум засилувања, на распродажба речиси целиот тим, планот е револиционерен?!
Чави Ернандез го знае својот план и начинот на кој ќе ја направи Барса посилна, но на раководството на клубот му кажа кои засилувања му се потребни.
Како прво, како што кажа и самиот, за да дојде некој, некои треба да одат и да го ослободат местото, а списокот за отстрел никогаш не е подолг. Всушност, имињата на него се застарени, одамна се таму, но клубот не може да се ослободи од нив, а изгледа вака:
Самуел Умтити, Клемен Ленгле, Серхи Роберто, Мартин Брајтвајт, голман на Нето. Барса се очекува да заработи од продажбата на Мемфис Депај и Серж Дест, кои не се вклопуваат во неговиот концепт, но имаат пазарна вредност. Во управата има поделено мислење околу продажбата на Френки де Јонг, но Чави инсистира на негово останување.
Тоа значи дека буквално 11 играчи си заминуваат.
Нето сигурно си заминува, а конкуренција на Тер-Штеген треба да му биде Ињаки Пења кој е позајмен во Галатасарај. На позицијата десен бек, прв избор на Чави е Цезар Аспиликуета, кој се надева дека раководството на Челзи ќе го пушти да игра за Барса, иако автоматски му го продолжи договорот на една година.
Араухо, Пике, Ерик Гарсија и нововлезениот Кристенсен ќе бидат на позицијата стопери, но не е исклучено Чави да го доведе Лисандро Мартинез, кој би бил единствен левак во овој случај, а може да игра и како лев бек.
Кога сме на позицијата лев бек, Алба ќе остане, а списокот на неговите конкуренти е подолг. Галан, Талиафико, Грималдо, се само дел од споменатите имиња, додека во моментов Хозе Гаја како прва желба не е реална опција.
Френк Кејси ќе ја зголеми конкуренцијата во средниот ред, а Чави порачал дека сака да има шест силни играчи на три позиции и дека ако треба сите ќе играат и ќе имаат шанса. Капитенот Бускетс ќе остане неприкосновен, како и Педри, а таму ќе останат Де Јонг, Гави, Нико Гонзалес и Кеси. Ако замине еден од нив, а тоа може да биде само Де Јонг или Нико, Чави ќе бара уште еден играч од средниот ред.
А најинтересно ќе биде во нападот. Депај и Брајтрајт се премногу, Адама Траоре се враќа во Волвс, бидејќи Барса нема 30 милиони да го купи. Остануваат Ансу Фати, Феран Торес, Пјер-Емерик Обамејанг. Доколку Осман Дембеле не го продолжи договорот, Барса ќе тргне по Рафиња од Лидс, што е прва желба на Чави.
А најзвучното засилување треба да биде новата „деветка“, во овој момент најблиску е Роберт Левандовски. Тоа не значи дека Полјакот е блиску до Барса, туку дека е поблиску од Халанд, Нуњез, а се споменува и Габриел Жесус, кој сепак не е класичен напаѓач.