Connect with us

Фудбал

Чави се обидува да го убеди, но тој не сака нов договор со Барселона…

Серхи Роберто наскоро би требало да се врати на теренот по повредата, но не е сигурно колкав простор ќе има за настап во Барселона.

30-годишниот фудбалер во досегашниот дел од сезоната одигра само 12 натпревари во сите натпреварувања, а најголемиот дел од натпреварите ги пропушти поради повреда.

Чави неодамна изјави дека смета на Роберто и дека е важен дел од тимот на Барселона, но прашање е колку минути ќе има на позицијата десен бек покрај Дани Алвеш и Сергин Дест.

Исто така Роберто има договор со Барселона до крајот на оваа сезона и на крајот на минатата година беа прекинати преговорите за продолжување на соработката.

Барселона му понудила нов договор и останување во клубот, но тој одбил бидејќи побарале од него значително да му ја намалат платата за да можат да го балансираат буџетот за плати. Ова се случи кога Барселона имаше големи проблеми со доведување нови играчи и некои од првотимците потпишаа значително намалување на платата, но Роберто не го стори тоа.

Набргу потоа Барселона се повлече од преговорите за нов договор, а наводно Роберто е свесен дека нема да остане и веќе му кажал на својот агент дека сака да ја продолжи кариерата во англиски премиерлигаш.

Според шпанските медиуми, во Барселона му замериле на Роберто што не се сретнал со клубот и не прифатил да му ја намалат платата, а тоа е очигледно главната причина што не сакаат да му понудат продолжување на соработката.

Иако Чави е за останување на Роберто во клубот, сепак Жоан Лапорта и неговите соработници не го сакаат тоа. Исто така Роберто е свесен дека нема да ја има минутажата која ја посакува и затоа е подготвен да си замине.