Фудбал
Чави со идеја: Дембеле и Траоре никогаш заедно!
Осман Дембеле и Адама Траоре се конкуренти, но секој ќе има шанса да се докаже.
Денеска каталонските медиуми откриваат дека Чави има посебни методи за да ги „скрши“ своите ривали и затоа Адам Траоре и Осман Дембеле нема да играат во исто време на теренот.
Чави секогаш сака да има различни профили на крилен напаѓач на теренот, па на три натпревари стартуваше со Адама, беше заменет од Дембеле, а Французинот првпат стартуваше на „Месталја“, кога Шпанецот влезе од клупата за резерви.
Незаменлив во нападот на Чави е Феран Торес, кој се уште ја бара вистинската форма, но прави големи работи за тимот со своето движење, отвора простор и го прави нападот поинаков.
Спорт пишува дека Чави мора да избира меѓу Дембеле и Траоре за мечот во Неапол, а дека Французинот моментално е во предност. Исто така, сигурно е дека Адама ќе добие шанса во вториот дел без разлика на резултатот. Доколку Барса има предност, Траоре ќе има повеќе простор за контранапади, што многу повеќе му одговара отколку кога неговиот тим постојано напаѓа.