Connect with us

Фудбал

Чеферин: Нема да се повтори „Ф8“ форматот во иднина

Лисабон, 13 август 2020 (МИА) – „Ф8“ форматот на Лигата на шампионите нема да се повтори во иднина, изјави претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, велејќи дека би било „невозможно“ да се најде место во веќе преполниот календар.

– Овој турнир може да биде интересен во иднина, но мислам дека не можеме да го повториме затоа што календарот е презаситен. Не знам каде ќе можам да ставам турнир за една недела или две во мај. Мислам дека е невозможно, започна тој во своето ексклузивно интервју во Лисабон, каде на програма се последните натпревари од Лигата на шампионите.

Пред пандемијата на коронавирус, УЕФА беше зафатена со правење измени во форматот на натпреварувањето од 2024 година наваму. Годинава сите натпревари од четвртфиналето до крајот се играат зад затворени врати во португалскиот главен град, бидејќи УЕФА сака да го заврши натпреварот по присилната пауза поради кризата со коронавирус.

Годинашното финале беше закажано за Истанбул кон крајот на мај. Сега ќе се игра пред празните трибини на „Естадио да Луж“ на 23 август, при што турскиот град ќе го добие финалето следната година. Но, тоа подложи на промена со оглед на тековната пандемија.

loading...

– Јас сум оптимист за иднината и мислам дека работите ќе се подобрат следната година и повторно ќе имаме нормални фудбалски натпревари со гледачи на стадионите, така што немаме план Б. Треба да знаете дека немавме план до март, а потоа имавме план Б, Ц и Е, па ќе се прилагодиме, но сигурен сум дека светот не може да запре засекогаш заради вирусот. Очекувам вакцина што е можно поскоро, се надевам, така, да, не планираме да го одржиме турнирот на ист начин следната година, вели тој.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com