Фудбал
Чеферин: Тој човек повеќе не постои за мене!
Александар Чеферин е многу присутен во разни европски медиуми во последните месеци.
Чеферин главно зборува за Суперлигата, директно и конкретно критикувајќи ги основачите Реал Мадрид, Јувентус и Барселона, кои сè уште не се предадоа.
Словенецот најмногу е налутен на Андреа Ањели. Тој рече дека првиот човек на Јувентус повеќе не постои за него.
На прошталната прес-конференција од Фабио Паратичи, Ањели рече дека Супер лигата не е обид за некаков удар, туку нешто што му треба на фудбалот.
„Мислев дека сме пријатели, но ме лажеше во лице, ми рече дека не треба да се грижам и ден потоа ги потпиша сите документи за новото натпреварување“, рече Чеферин.
„Никогаш не сум се сомневал многу, бидејќи кога некое човек ќе влезе во мојата канцеларија и ќе рече дека сето тоа е глупост, тешко е да не му верувате”.
„Ги делам главните луѓе од оваа иницијатива за Суперлигата во три категории. Го ставам Ањели на прво место. Тоа е лично. За мене, таа личност повеќе не постои“, рече Словенецот.
Инаку, УЕФА објави дека „покренати се дисциплински постапки против Реал Мадрид, Барселона и Јувентус поради потенцијално кршење на законската рамка на УЕФА“ по полемиката околу Суперлигата.
Споменатите клубови беа практично иницијатори на Суперлигата, проект кој не заживеа, иако претходно 12 екипи беа подготвени да играат во ова натпреварување што би било одвоено од натпреварувањата на УЕФА.
Во тоа време, многу клубови се откажаа од Суперлигата под голем притисок, но не и Јувентус, Реал и Барселона, за што сега се соочуваат со строга казна.
„По истрагата на етичките и дисциплинските инспектори на УЕФА за таканаречениот проект „Супер лига“, покрената е дисциплинска постапка против Реал Мадрид, Барселона и Јувентус за потенцијално кршење на законската рамка на УЕФА. Дополнителни информации ќе бидат достапни на време“ , најави УЕФА.
Останува да се види дали и на кој начин УЕФА на крајот ќе ги казни трите клуба. Постои можност тоа да биде само парична казна, но и исфрлање од европските натпреварувања за една или две години.