Connect with us

Фудбал

Чех: Сакам да останам, но ќе видиме

Искусниот голман на Арсенал Петар Чех порача дека сака да остане на „Емирати“, иако неговата иднина во овој клуб не е толку извесна.

Договорот на Чех истекува на лето, а менаџерот Емери неодамна изјави дека не знае каква е судбината на овој 36-годишен голман.

Покрај тоа, ставот на искусниот голман е добро познат.

„Би сакал да останам во Арсенал, но само што започна јануари. Сезоната е долга и не знам што ќе се случи“, рече Чех, на кој Арсенал се уште му нема понудено продолжување на соработката:

„Не сум под притисок затоа што се уште не ми е понуден договор. Ќе видиме после преодниот рок. Знам што се очекува од мене и која е мојата работа“.

Петар Чех последниот натпревар во Премиер лигата го одигран на 29. септември против Ватфорд, кога и се повредил.