Фудбал
Челник на Јувентус за Роналдо: „Тажно е, но тоа повеќе не е наш проблем“
Многу прашина се крена околу Кристијано Роналдо летово.
Португалецот сакаше да го напушти Манчестер Јунајтед, менаџерот Мендеш со сите сили се обидуваше да му најде нов клуб, но на крајот остана во Јунајтед.
Роналдо имаше само една понуда од Ал-Хилал, која категорично ја одби иако Арапите му нудеа 125 милиони евра годишно.
Исто така, тој сега има несреќна ситуација во Манчестер Јунајтед бидејќи во моментов не може ниту да се пласира во стартниот состав во тимот на Ерик тен Хаг.
Извршниот директор на Јувентус, Маурицио Аривабене неодамна ја коментираше ситуацијата на Роналдо.
Предводникот на Старата дама е сведок како Роналдо го напушти својот тим пред само една година, а сега му беше жал за ситуацијата во која се најде фудбалерот.
„Се простивме од Кристијано со голема меѓусебна почит пред една година, па тоа што ќе се случи со него во Манчестер Јунајтед повеќе не е наш проблем.
Тажно е да се гледа во оваа ситуација, не е убаво ниту за него ниту за неговиот тим. Но, ќе повторам, тоа веќе не е наша работа“, изјави Аривабене, пренесува „Football Italia“.
Да напоменеме и дека Роналдо повеќе не е најплатениот фудбалер во Англија, далеку од тоа падна на осмото место, а сега има „некои нови деца“.